А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ДУИ ги даде потписите на СДСМ, Заев мандатар

by А1он24/02/2017 - 22:5625/02/2017 - 00:25397
Share0

Централното претседателство Демократската унија за интеграција вечерва одлучило да му ги даде потписите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со цел тој да стане мандатар. Сепак, тоа не значи дека со оваа одлука ДУИ станува дел од владата, а официјална одлука за тоа дали ДУИ ќе биде опозиција или не ќе има во понеделник.

Добивај вести на вибер

– Поради некои околности кои се поврзани со рокови одлучивме да дадеме поддршка на СДСМ, но тоа не значи дека имаме договор за коалиција, само се дава поддршка за мандат, да се деблокираат некои процеси. За да се испочитуваат роковите за локалните избори треба што поскоро да се донесат одлуки, а за тоа треба да се добие мандат и Собранието да почне со работа. Ако се одлучиме за учество во влада треба да се усогласат програмите, рече портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети утрово изјави дека се разгледува можноста да поддржи малцинска влада, а таквиот партиски став го кажа и Османи, според кого тоа би било доказ дека ДУИ нема матни бизниси и не гледа по секоја цел да остане на власт.

Претходно, свои потписи за Заев да биде мандатар дадоа и пратениците од Движењето БЕСА и Алијансата на Албанците.

ahmetiduimandatZaev

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Горан Наумовски19/03/2026 - 16:05

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Горан Наумовски17/03/2026 - 16:35

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 11:49

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

Горан Наумовски13/03/2026 - 17:50

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

Горан Наумовски12/03/2026 - 17:22

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 10:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто