ДУИ: Доброволната оставка на министерот Саљији, порака за одговорност на сите

Од:

Претседателството на ДУИ го продолжи состанокот почнат на 16 март 2018 година кога се разговарало околу остварувањето на програмата, како и градењето на стратегијата на ДУИ во идните две децении.

На почетокот на состанокот, Претседателството едноставно ја поздрави одлуката за оставка на министерот за правда, Билен Саљији како висок морален чин и порака со висока човечка и политичка одговорност.

„Овој чин на министерот Саљији треба да служи како порака до сите носители на политички функции, особено одговорните за владеењето на правото.

Оваа оставка ја повторува пораката дека селективна правда не смее да има и сите носиме одговорност за довербата на граѓаните кон институциите на земјата.

Претседателството на ДУИ му се заблагодари на министерот Саљији за дадениот придонес за време на функцијата како Министер за правда и оцени дека овој висок стандард на индивидуална одговорност поставува нови стандарди во креирањето политики“, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“