ДУИ: Дали „новиот општествен договор“ е продолжение на коалицијата на олигархијата Мицкоски–Заев?

Од:

Како е можно лидерска средба за таканаречен „нов општествен договор“ да се одржи меѓу првопласираната и третопласираната партија на изборите? Дали критериумот за учество во овие преговори е етничката припадност, наместо демократскиот легитимитет, прашуваат од ДУИ.

– Дали ова значи дека се воведува нова практика на едноетничко моделирање на државата, каде што Албанците и другите заедници се сведени на набљудувачи?

Дали „новиот општествен договор“ е продолжение на коалицијата на олигархијата Мицкоски–Заев?

Дали оваа иницијатива претставува почеток на пост-Охридско прекројување на уставниот модел на Северна Македонија?

Зошто на средбата не беше присутен ниту еден претставник од албанската заедница – ниту од позицијата, ниту од опозицијата – ако навистина се разговара за иднината на државниот поредок?

Дали оваа средба е обид за воспоставување на нова политичка хиерархија врз основа на етничка припадност, каде што Албанците се отстранети од суштинските процеси на одлучување?

Дали во оваа рамка се разгледува и меѓусебна заштита од политичка и правна одговорност – еден вид неформален пакт за неказнивост – за трагедијата во Кочани, наспроти трагедијата со модуларната болница во Тетово?

И конечно – дали албанските партии избрани од премиерот биле воопшто консултирани за оваа средба?

Дали ја дале нивната согласност или биле целосно заобиколени?

Дали можеме да слушнеме барем еден јасен став од нив за ваквото едноетничко кроење на иднината на државата?

Дали се информирани дека македонскиот дел од Владата веќе договорил формирање на работни групи со етничката македонска опозиција за дефинирање на овој „нов договор“?

Или нивната улога е сведена на неми набљудувачи што ѕиркаат од ходниците, додека се скројува политичката реалност во која и тие, и нивните гласачи, не се прашуваат за ништо, се вели во соопштението од дУИ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски