ДУИ чека Заев да го земе мандатот па да одлучува дали ќе влезе во Влада или не

Од:

Централното претседателство на ДУИ ќе чека лидерот на СДСМ, Зоран Заев да го земе мандатот од претседателот Ѓорге Иванов па да одлучува дали ќе влезе во владина коалиција или ќе поддржи малцинска Влада.

Оваа информација за А1он ја потврди еден од потпретседателите на ДУИ.

– За денеска немаме закажано претседателство, се чека Заев официјално да стане мандатар, вели потпретседателот на ДУИ за А1он.

Сепак, не е исклучена можноста Централното претседателство да се состане вечерва доколку Заев го земе мандатот од Иванов.

Во петокот, портпаролот на ДУИ рече дека давањето потписи на Заев не значи директно прифаќање на Влада со нив и дека причина за таков чекор се роковите за распишување на локалните избори.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата