ДУИ бара итна оставка од Азир Алиу

Од:

Демократската унија за интеграција најостро го осудува јавниот измамнички чин на министерот за здравство, Азир Алиу, кој манипулираше со одлуките за вработувања во Клиничката болница во Тетово, излажувајќи 155 вработени и целата јавност. Вчера сведочевме на скандалозен апсурд: Азир Алиу го демантира Азир Алиу! Најпрво објави дека има вработувања, а потоа ги негираше, со што докажа дека целиот процес бил политичка лага за собирање изборни поени на грбот на граѓаните и здравствените работници, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Не може да се релативизира лагата и измамата. Мора да се отфрли оваа опасна теорија на политичка манипулација, каде што министерот отворено тврди дека работата е завршена, дури обвинувајќи ги другите за лаги, за денес да каже дека ништо не е завршено, но „по пролонгирањето ќе се заврши“. Ова не е одговорна политика, ова е потсмев кон граѓаните.

Ова требаше да биде преседан, но за жал станува секојдневие кај албанските функционери кои без легитимитет опстануваат во Владата, што покажува недостиг на одговорност, недостиг на транспарентност и потценување на граѓаните и цела Северна Македонија. Министерот Алиу ја загуби секоја кредибилност и не може да остане ниту еден ден на чело на Министерството за здравство. ДУИ бара итна оставка од Азир Алиу! Здравството не може да се води од луѓе кои отворено лажат и си поигруваат со судбината на граѓаните и здравствените работници, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

Алиу: Примарната цел на законот за пушење не е да казнува, туку да превенира

А1он

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Алиу: Новиот закон го уредува пушењето на отворени места каде се движат многу граѓани