ДУИ: Причина за разрешувањето на Арбен Зибери е неговото презиме

Од:

„Разрешувањето на директорот на центарот за јавно здравје Скопје е срамен чин на политичка одмазда и латентна омраза кон Албанците. Арбен Зибери секогаш им служеше на земјата и на своите граѓани со лојалност и посветеност и несомнено играше голема улога во управувањето со кризата со Ковид-19.

Додека министерот за здравство ги читаше извештаите подготвени од институцијата на Арбен Зибери, тој немаше скрупули да не ги следи наредбите на СДСМ да го отпушти својот вработен од еднострани причини“, соопштуваат од ДУИ.

„Причината за неговото разрешување е повеќе од јасна, бидејќи се случи наскоро откако чичкото на Арбен Зибери призна дека се кандидира за премиер. Атакот на семејството на првиот албански кандидат за премиер е срам и неприфатлива акција. Тоа го покажува и менталитетот на македонските партии, кои според нив моќта им припаѓа само на Македонците, а Албанците немаат право да претендираат за премиер.

Разрешувањето е исто така јасен чин против слободата на говорот и чин на дискриминација, затоа што досега ниту еден не бил отпуштен од владата заради искажување на своето мислење на Фејсбук. Без воопшто да се суди за содржината на фејсбук статусот на Зибери, сите знаат дека ако тоа би била вистинската причина, половина од министрите на СДСМ, вклучително и поранешниот премиер Заев, ќе требаше да бидат отпуштени неколку пати.

„Едно Општество за сите“ не е ништо повеќе од маркетинг слоган за СДСМ. Позади оваа фасада, СДСМ не е ништо подобра од своите претходници со тоа што сè уште не ги прифаќа основните демократски принципи како што се слободата на говорот, еднаквоста и правото на немнозинските етникуми да го номинираат својот кандидат за премиер. За албанските граѓани, но и за граѓаните од други етникуми, како и за Македонците, ова неприфатливо дејствување на СДСМ е уште една причина зошто ни треба првиот премиер Албанец да донесе реални промени и еднаквост во Северна Македонија.

Граѓаните ќе го дадат својот одговор на гласачките ливчиња“, се вели во соопштението на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“