ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

Од:

Демократската унија за интеграција оценува дека последните изјави на претседателот на Уставниот суд не се изолиран инцидент, туку директна последица на политичката клима што е создадена во државата, се вели во соопштението од ДУИ.

– Кога во Владата имате слабо, заробено и потчинето претставување како ВЛЕН, тогаш антиалбанските сили се чувствуваат охрабрени и зајакнати. Денес сме сведоци на изјави и постапки кои порано никој не се осмелуваше јавно да ги артикулира.

Наместо да ги бранат уставните права и достигнувањата од Охридскиот рамковен договор, претставниците на ВЛЕН во Владата избраа молк и сервилност. Овој молк се толкува како дозвола за напади врз албанскиот јазик, за релативизирање на еднаквоста и за поткопување на темелите на мултиетничката држава.

ДУИ јасно порачува дека албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат или релативизираат. Тие се уставни права и дел од политичкиот поредок што ја гарантира стабилноста и соживотот во државата.

Затоа, одговорноста за оваа клима не паѓа само врз оние што даваат антиалбански изјави, туку и врз оние кои, иако се на власт, избираат да молчат и да не ги бранат овие принципи.

ДУИ ќе продолжи да реагира и политички да дејствува за заштита на еднаквоста, Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на државата, велат од партијата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита