ДСД: Тоалетите во „Стив Наумов“ биле лошо реконструирани

Од:

Државниот студентски дом „Скопје“ соопшти дека освен материјална штета на санитаријата, нема повредени при паѓањето на таваните во два тоалета во домот „Стив Наумов“ вчеравечер.

Информира дека се работи на поправка и тоалетите ќе бидат ставени во функција во текот на денов, нагласувајќи дека инцидентот е последица на неквалитетна реконструкција на тоалетите направена од претходното раководство на домот.

-Од утрово ангажирани екипи веќе работат на санација на плафоните во двата тоалета и во текот на денот тие ќе бидат санирани и ставени во функција. Паднатиот таван во студентскиот дом „Стив Наумов“ е последица од неквалитетната реконструкција на тоалетите во домот, што е уште еден од низата проблеми кои ги остави претходното раководство, соопшти Државниот студентски дом, додавајќи дека ќе ја разгледа документацијата за извршената преадаптација на тоалетите во „Стив Наумов“ односно кој ја одобрил и на што се должи нискиот квалитет.

Државниот студентски дом најави и дека со германска помош ќе бидат реконструирани сите студентски домови по приоритетна листа и дека за таа намена Министерството за образование и наука веќе издвоило 30 милиони денари.

Во надлежност на Државниот студентски дом „Скопје“ (поранешен Државен студентски центар) се четири единици: „Гоце Делчев“, „Стив Наумов“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Невена Георгиева-Дуња“ т.е. Медицинар.

Би можело да ве интересира

МОН објави резултати од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба

Катерина Ѓуровски

Зградите на ФИНКИ и на Факултетот за физичко образование пропаѓаат со години, стручна анализа треба да ја одблокира изградбта

Катерина Ѓуровски

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ