ДС: Обидите на СДСМ негативно ќе се одразат на стабилноста на државата

Од:

Обидите на опозициската СДСМ да ја опструира волјата на своите гласачи претставува авантура со неизвесни последици за сите граѓани, но пред се, тоа негативно ќе се одрази врз стабилноста на државата, оцени денеска Демократскиот сојуз.

Потпретседателот Зоран Петров на денешната прес-конференција ги повика партиите да ги надминат личните и партиските интереси и приоритет да им дадат на интересите на граѓаните, како и на стабилноста, економскиот развој и просперитетот на државата.

Петров му честиташе на Ѓорге Иванов за победата на претседателските избори, а упати честитки и до Стево Пендаровски за освоените гласови.

Партијата им се заблагодари и на сите нивни членови и симпатизери, како и на граѓаните кои гласале за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за Подобра Македонија“, со што се обезбедила убедлива победа од 61 пратеник.

– Пред избраниот претседател и парламентарното мнозинство стои огромна одговорност за создавање услови за подинамичен економски развој и отворање нови работни места, обезбедување стабилност и правна сигурност, еднакви можности и шанси за сите граѓани, ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата, како и медиуми кои ќе се борат за вистината и објективно информирање, истакна Петров.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ