ДС: Неопходен е политички дијалог

Од:

Централниот совет на Демократскиот сојуз на денешната седница оценил дека актуелните политички состојби во државата наметнуваат потреба од интензивирање на дијалогот меѓу партиите од власта и опозицијата.

– Неопходно е тој процес да биде транспарентен и да резултира со компромис во интерес на граѓаните и стратешките интереси на Република Македонија. Политичкиот дијалог е неопходен и поради крупните реформи кои се предвидуваат со промените на Уставот, посебно во судскиот систем, отворањето на финансиски зони, ограничување на можноста за задолжување на државата,  дефицитот и др. Посебно се значајни и реформите во високото образование, (воведување на државниот испит), здравството и слично, соопшти ДС.

Партијата смета дека реформите мораат да бидат резултат на продлабочени анализи, јавна и аргументирана дебата, вклучување во градењето на конкретните решенија на науката како и сите заинтересирани субјекти, експертската јавност, политичките партии,  невладиниот сектор и медиумите.

Во наредната 2015 година за Демократскиот сојуз приоритетните определби ќе бидат насочени кон имплементација на изборната програма на ДС, но пред се, економскиот развој, јакнење на демократските институции и владеење на правото, динамизирање на евро-интеграциските процеси, борбата против корупцијата и слободата на изразувањето и печатот.

На седницата беше обновено и Претседателството на ДС, при што, покрај постојните, за нови членови се избрани Драгана Кипријановска, Даниел Ефтимов, инженер Стојан Ристовски, инженер Звонко Смиљков и инженер Николче Ѓоргевски. За генерален секретар на Демократски сојуз е избрана м-р Верица Филиповска.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска