ДС: Неодговорноста ги труе граѓаните

Од:

„Демократскиот сојуз оценува дека за последните 26 години во Македонија ништо не е направено за здрава животна средина и чист воздух.

1. Нема гасификација и топлотни системи.
Без ова се исекоа шумите и натаму се користат енергенси кои загадуваат: мазут, нафта, јаглен, дрва и сл.

2. Урбаната мафија, со неконтролираната градба, без консултација на експерти, големиот број на згради, го спречуваат природното струење на свеж воздух.

3. Преку увозот на над 150.000 стари автомобили, товарни возила и автобуси, Македонија се претвори во депонија.

4. Во Скопје и другите помали градови, не е обезбеден јавен превоз, кој помалку загадува: трамвај, тролејбус, такси возила кои не загадуваат ( на електричен погон и сл.).

5. Во Скопје и другите градови, се “ликвидираа” зелените површини и дрвјата, не се изградија подвозници – надвозници и не се заменија енергенсите за бројните котлани, наместо мазут, да користат гас и сл.

6. Закони се донесени за филтри на фабриките, но доследно не се спроведуваат и долго време се пролонгираат роковите поради социјални причини и сл.

Македонија и натаму е без Стратегија за заштита на животната средина, а мерките се предлагаат и “преземаат”, само кога имаме енормна загаденост на воздухот.

Изјавите за загриженост за здравјето на граѓаните е фрлање прашина во очите на јавноста, “прашина полна со РМ – 10 честички”.

Нашите очекувања се новата Влада, во првите три месеци, да донесе Стратегија за заштита на средината во која живееме и работиме и веднаш да почне со реализација на истата“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС