ДС апелира на смиреност и воздржаност

Од:

Политичката партија Демократски сојуз соопшти дека со загриженост го следи развојот на безбедносните состојби и апелира на смиреност и воздржаност.

– Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните, без разлика на етничката и верската припадност, да се обединат и да ги осудат нападите од терористите, да ги изолираат и да соработуваат со силите за безбедност. Очекуваме граѓаните да им дадат поддршка на силите за безбедност во справувањето со терористите кои ја загрозуваат безбедноста и територијалниот интегритет, се вели во соопштението од ДС која воедно апелира до сите партии да престанат со меѓусебни обвинувања.

Очекуваме, стои во соопштението, силите за безбедност (полицијата и армијата) на ефикасен начин да се справат со вооружените групи.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе