А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Државниот секретар и четворица вработени во МВР одат во самоизолација

by А1он15/06/2020 - 13:18608
Share0

Пет лица меѓу кои и државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска одат во самоизолација во домашни услови во рок од 14 дена, а останатите 62 анкетирани лица се враќаат на работно место со почитување на мерките, откако вчера беше утврдено дека двајца вработени во бифето на првата зграда во кругот на МВР се позитивни на коронавирус.

Добивај вести на вибер

Од МВР информираат дека во текот на вчерашниот ден од страна на епидемиолошкиот тим од Институтот за јавно здравје, а врз основа на доставен список на сите вработени кои имале контакт со двајцата вработени, направена им е епидемиолошка анкета на 67 лица, а воедно е направена и дезинфекција на сите работни простории во зградата.

– Во извештајот кој денеска го добивме од епидемиолошкиот тим преку анкетниот прашалник утврдено е нивото на ризик кај анкетираните, при што кај пет лица е утврдено средно ниво на ризик, а меѓу нив е и државниот секретар во МВР г-ѓа Магдалена Несторовска. Петте лица одат во самоизолација во домашни услови во рок од 14 дена од последниот контакт со лице позитивно на Ковид 19 ,за останатите анкетирани 62 лица кои се проценети со низок ризик се препорачува задолжително носење на респираторна маска /заштитна маска за целото време на работниот процес. Истите може да се вратат на работно место, стои во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите вработени за правилна и постојана употреба на лична заштитна опрема, одржување на соодветно растојание, често миење и дезинфекција на раце. Во канцелариите каде се сместени вработените, постојано да се врши проверување на просториите, а вработените задолжително да носат лична заштитна опрема додека се на работното место.

koronavirus mkdmvr

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто