Државјани на Турција грабнале сонародници и од нив барале пари

Од:

Полицијата извести дека вчера во 23.20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Ч.Т.(50), Ј.Б.Т.(26) и Ј.Џ.Т.(23), сите од Република Турција, со живеалиште во с.Стар Караорман, штипско.

Тие се сомничат дека претходно со уште неколку лица со употреба на сила го внеле Е.Е.(19) од Република Турција, со живеалиште во Штип, во возило „форд“ и со закани барале пари од него и неговата 19-годишна девојка, исто така од Република Турција со живеалиште во Штип, поради наводен долг за претходно завршена услуга.

Од нив било одземено возилото, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

А1он

ТХП: Задоволни сме од активното учество на Турците во референдумот

(ВИДЕО) Сарач: Се сомневаме дека Латас се извини под притисок од други центри на моќ

Емир Латифовиќ

Енес Ибрахим поднесе тужба против Латас и ТВ Сител

Емир Латифовиќ