ТХП: Задоволни сме од активното учество на Турците во референдумот

Од:

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) преку соопштение им честиташе на граѓаните кои вчера излегле на гласање.

„Радува фактот што вчерашниот историски референдум помина во демократски амбиент, а огромното мнозинство на граѓани уште еднаш упатија силна порака дека ги поддржуваат евроатлантските интеграции. Особено сме задоволни и од активното учество на граѓаните од турската етничка заедница кои со високиот одѕив уште еднаш покажаа висока демократичност и одговорност кон татковината. Очигледен е резултатот дека во сите средини каде што доминира турското население резултатите се позитивни“, пишува во соопштението на партијата.

Тие велат дека повеќе од јасно е дека вчерашниот референдум е успешен, а граѓаните го трасирале патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.

„Партијата за Движење на Турците (ТХП) јасно и гласно ги повикува сите активни политички чинители на Македонија да ја почитуваат одлуката на мнозинството граѓани и да покажат зрелост и државнички карактер. Државните интереси треба да бидат над личните и партиските калкулации. Ние, како најголем политички субјект на Турците во Македонија и во следниот период со сите наши капацитети ќе се посветиме на евроатлантската интеграција“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

Акција на полицијата во Аеродром: Уапсени се петмина турски државјани

Горан Наумовски

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

(ВИДЕО) Подгорица: Групи на маскирани млади мажи излегоа на улиците: Постојано викаа „Турци надвор“