Државен архив: Обинувањата за милионскиот износ за кетеринг не се точни, се работи за грешка направена од службеник

Од:

По реакциите на социјалната мрежа Твитер околу шесте и триста милиони евра за кетеринг потрошени од директорот на Државниот архив, Емил Крстески тој во соопштение изјави дека во институцијата биле спроведени опсежни разговори со вработените во финансискиот сектор.

Од разговорот е утврдено дека лицето кое било одговорно за јавни набавки направило „ненамерна“ грешка додавајќи на сумата за кетеринг уште три нули.

Со тоа сумата предвидена за кетеринг на изложби, промоции и гости од странство која изнесувала 300.000 денари, вработениот додал уште три нули што станала 300.000.000.

Против лицето се води дисциплинска постапка за несовесно работење.

„Очигледно е дека вакви и слични опструкции може да се очекуваат во овој предизборен период, како и во текот на кампањата за парламентарните избори“, соопшти директорот Емил Крстески.

Би можело да ве интересира

Левица: Свесно и ситемски се ништи македонската меморија – Ревизорите со негативен извештај за Државен архив

Ревизорите открија неправилности во работењето на Државниот архив

Горан Наумовски

Државниот архив ја отвори изложбата посветена на 110 години од Македонскиот фронт

А1он

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата

Ана Ололовска

Одбележани 70 години од постоењето на Државниот архив – чувар на нашата историја, култура, јазик и традиција

Одбележување на Меѓународниот ден на архивите

Ана Ололовска