Државата тестирањето за коронавирус го плаќа три до четири пати поскапо од приватните болници?

Од:

Речиси 5.000 денари за еден тест за коронавирус се наплатува од страна на државата, односно од Буџетот на РСМ за тестирање на граѓаните од Ковид – 19, реагираат граѓани кои ги добиле тестовите за коронавирус. Тие од свој џеб не плаќаат ништо, но ова е цената што јавно ја објавија и на социјалните мрежи оние што ги добиле резултатите од тестовите преку Центарот за јавно здравје.

Според ова, произлегува дека тестовите за коронавирус во државната лабораторија на Центарот за јавно здравје се речиси трипати поскапи од тестовите во Клиниката „Жан Митрев“ (1.500 денари) и четирипати поскапи од тестовите во клиничката болница „Аџибадем Систина“ (1.200 денари).

Разликата е во тоа што во приватните клиники пациентите плаќаат од свој џеб, а во државната лабораторија тестот за осигурениците е бесплатен, но Министерството за здравство, според документите постирани јавно на социјалните мрежи, за направени тестови му фактурира на Фондот за здравствено осигурување по 4.950 денари.

Пациент кој пред пет дена се тестирал во државната лабораторија вели дека се шокирал кога на извештајот што го добил прочитал колку пари Министерството за здравство ќе наплати од Фондот за здравство за неговиот тест.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната редовна прес – конференција за состојбата со коронавирусот не даде прецизен одговор на прашањето зошто државата плаќа многу повисока цена за тестовите од приватните клиники.

„Во однос на цените на реагенсите морам да напоменам дека има набавка преку Институтот за јавно здравје и преку Министерството. Имавме заштеда од еден милион денари, беа предвидени три милиони денари, а потрошивме 2 милиони“, рече Филипче без прецизно да каже зошто тестовите се речиси три до четири пати поскапи од приватните клиники.

Неофицијално, од Болницата „Жан Митрев“ за „А1он“ велат дека цената од 1.500 денари за тест ја формирале пред три месеци, кога коронавирусот се уште немал земено замав како што тоа се случува сега, па тогаш и набавните цени за реагенси и и потрошни материјали биле драстично пониски од оние што се сега. Ако цените  продолжат да растат, велат нашите извори во „Жан Митрев“, постои можност за брзо време тие да станат неприфатливи.

Од Фондот за здравствено осигурување на прашања на „А1он“ не дадоа прецизни објаснувања.

„Во врска со цената на тестовите за коронавирусот, на пазарот постојат различни видови на тестирање, односно различни лабораториски техники кои имаат различна цена. Затоа има разлики во цените и бидејќи Фондот нема информации за каков вид тестирање станува збор. Во таа насока ФЗОРСМ врши интензивни консултации со надлежните институции кои се стручни и компетентни да се произнесат во однос на ефикасноста на тестовите. Токму поради тоа, во дадениот момент не може прецизно да се одговори на Вашето прашање“, ни изјавија од Фондот.

Би можело да ве интересира

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар – Мнистерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Министерство за здравство: Петличковски и понатаму ја извршува функцијата претседател на Комисијата за заразни болести

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Министерството за здравство тврди дека сите пациенти со дијабетес примаат инсулинска терапија

Министерство за здравство: ВМРО-ДПМНЕ се служат со лаги и манипулации за да го нарушат имиџот на министерот

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците