Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Од:

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот од 20 до 24 јули 2025 година се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.

По тој повод, потсетуваме за почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:

-Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
-Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.
-Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.
-Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.
-Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.
-Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.
-Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.
-Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.

Министерството внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски

Денеска топло со умерена локална облачност, попладне нестабилно

Денеска сончево и топло до 37 степени