По наводите дека се вршат непотребни операции, д-р Кедев на средба со министерот за здравство

Од:

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со наводите дека се вршеле непотребни кардиохируршки интервенции кај пациенти во приватните болници.

Воедно, министерот Алиу на средбата потсети дека ќе биде испратен допис со кој сите приватни здравствени установи ќе се задолжат од 15 септември да го информираат Министерството, односно Управата за електронско здравство за сите извршени прегледи и интервенции МојТермин.

„Министерството за здравство е отворено за соработка со сите чинители и ги повикуваме сите засегнати страни кои имаат каква било информација за евентуални неправилности во системот, да се обратат веднаш до Министерството. Транспарентноста е еден од главните столбови во работата на Министерството и е од клучно значење за унапредување на процесите во системот“ велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките