А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Државата со швајцарски пари ќе згрижува повредени и запленети диви животни

by А1он22/10/2020 - 16:14412
Share0

Министерството за животна средина и просторно планирање започна со реализација на активност за „Изработка на студија за изводливост за воспоставување на центар за згрижување на повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија“ активност која се спроведува во рамки на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation – SDC), координиран од „Фармахем” од Скопје.

Добивај вести на вибер

Во текот на изминатите години во повеќе наврати на подрачјето на државата евидентирани се случаи на повредени диви животни. Честопати причина за вакви случувања се прекинатите биокоридори за миграција на дивите животни со развојот на патната инфраструктура, изградба на енергетски и хидроенергетски објекти, рударски активности, пожари, поплави, но и незаконско ловење и фаќање на животните со замки. МЖСПП, како надлежно државно тело за спроведување на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени диви растителни и животински видови (CITES), има регистрирано случаи на нелегална меѓународна трговија и промет со диви видови, нивни делови и деривати на територија на нашата земја, каде запленетите диви животни мора да се одземат и соодветно да се згрижат.

Оттука се наметна потребата од воспоставување Центар за згрижување на повредени и запленети диви животни во Република Северна Македонија по примерот на Европските држави. Имплементатор на активноста е приватна компанија ДЕКОНС ЕМА која има ангажирано национални и меѓународни експерти.

divi zivotnimzspp

Би можело да ве интересира

Нов проект за зачувување на биолошката разновидност, одржливо управување со земјиштето и развој на одржлив туризам

Ана Ололовска17/12/2021 - 14:08

Енормното загадување во Кичево е грешка – снемало струја кај мерната станица, велат надлежните

Жарко Настоски27/07/2021 - 16:10

Алармантно загаден воздухот во три града, Министерството не прогласува вонредни мерки поради прогноза за ветер и дожд

Жарко Настоски22/01/2021 - 16:0522/01/2021 - 16:21

МЖСПП: Ќе се инсталираат нови мерни инструменти, можни прекини во податоците за загадувањето

Жарко Настоски11/12/2020 - 18:32

МЖСПП: Усвоени предлозите и изменувањата на осум закони од областа на животната средина

Жарко Настоски07/12/2020 - 17:0307/12/2020 - 17:04

Властите се договорија дека треба да почнат да го спасуваат Преспанското Езеро

Жарко Настоски17/09/2020 - 17:0517/09/2020 - 17:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен