Властите се договорија дека треба да почнат да го спасуваат Преспанското Езеро

Од:

На работна средба, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, денеска ги разгледале можностите за забрзување на активностите на национално и на меѓународно ниво поради алармантната состојба со Преспанското Езеро.

Граѓани од преспанскиот регион и еколошки активисти деновиве укажуваат на тоа дека водостојот на езерото е драстично намален, а велат дека ни најстарите жители не паметат езерото да било олку повлечено.

Министерот и градоначалникот се согласиле дека со оглед на спецификата на Преспанското Езеро, чии води ги делиме со Грција и Албанија, како и неговата уникатна природа и поврзаност со Охридското Езеро и реката Црн Дрим, потребен е комплексен пристап, заснован на научни сознанија.

– Договорено е итно да се стави во функција работната група за чие формирање изминатиот период од страна на МЖСПП се направени консултации со повеќе засегнати страни, пред се стручните лица во областа, како и претставниците на општините и невладините организации со докажани резултати во Преспанскиот регион, информираат од Министерството.

Исто така, договорено е истражување и вклучување на земјоделскиот сектор кој има потенцијално големо влијание во овој регион.

– Во таа насока, веќе е иницирано вклучувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за што е договорена и заедничка посета на Преспа наредната недела, се вели во соопштението од МЖСПП.

Клучен фактор за успешно справување со прашањето, посочуваат од МЖСПП, останува интензивирањето на активностите за завршување на процесот на формирање на трилатералниот комитет за Преспа Паркот, за кој штотуку беа номинирани членовите од македонската и грчката страна, а номинацијата од Албанија е во тек. Министерот се заложи за поинтензивна комуникација со неговите колеги од двете држави поради побрзо отпочнување на прекуграничната соработка за заштита на Преспа.

Би можело да ве интересира

Алармантно загаден воздухот во три града, Министерството не прогласува вонредни мерки поради прогноза за ветер и дожд

Жарко Настоски

Дождовите го зголемија водостојот на Преспанското Езеро за 14 сантиметри

Жарко Настоски

Водостојот на Преспанското Езеро 50 сантиметри под апсолутниот минимум

Ана Ололовска

Владата одобри 1.2 милиони евра за спас на Преспанското и Дојранското Езеро

Жарко Настоски

МЖСПП: Ќе се инсталираат нови мерни инструменти, можни прекини во податоците за загадувањето

Жарко Настоски

МЖСПП: Усвоени предлозите и изменувањата на осум закони од областа на животната средина

Жарко Настоски