Државата му должела на Латас оти платил повеќе данок – судењето за „Тотал“ по третпат почнува од почеток

Од:

По третпат од почеток ќе почне судењето за новинарот Драган Павловиќ Латас за затајување данок. Судијата Ѓоко Ристов го одложи денешното рочиште, поради оправдано отсуство на адвокатката Анита Бегова. Во предметот „Тотал“ на СЈО досега се сменија 2 судијки: Софче Гаврилова Ефремова и Славица Наумова Јосифовска. Првото судење започна на 5 декември 2017 година, а а на днеешнот одлагање немаше претставник на специјалното јавно обвинителство во судницата.

Пред одлагањето на судењето, обвинетиот Латас на судот му достави дополнителен доказ – решение за пребивање на даночен долг со повеќе платен данок од Управата за јавни приходи од 16 јануари годинава за една од неговите фирми. Во решението пишува дека „Тотал Медиа Центар“ ДООЕЛ од Скопје платило повеќе пари за данок на додадена вредност. „Тотал Меда Центар не е даночен должник кон УЈП“, го исцитира решението од даночниците, судијата Ѓоко Ристов на запсиникот за рочиштето.

Според обвинението на СЈО, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски – фирмите за данок не плаќале данок, а обвинетиот и самиот одбегнал да плати данок. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи.

Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ. Износот за добра и набавени услуги осомничениот не го пријавил во годишната даночна пријава. Следното рочиште е 26 март.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он

Судот донесе решение: Латас остана без пасош, а нему и на Лазаров им е ограничен јавниот настап

А1он