ДРПМНЕ од фотеља се корнеше

Од:

„Само две нешта се бесконечни, човечката глупост и универзумот. За овоа второто не сум сигурен“ – Алберт Ајнштајн.

Значи навистина има огромна вистина во овие мудри зборови поготово ако станува збор за нашите моментални апсолутни властодржци. Па уште од времето на старите црно-бели неми филмови, сето ова личи на една сезона од познатите „Палавковци – Бурлеска“ , човек да седне и да се смее на сите случувања што моментално ни ги сервираат големите мајстори на илузијата, барем тие се мислат себе си за одлични велемајстори секако не шаховски, бидејќи за тоа треба мозок, за се останато треба глупост, ненадминлива се разбира. Спинуваа мал милион решенија само да си ја спасат кожичката, ама за среќа подосвестениов народ не сака веќе “да пие нафта“ сега бојата ни е во мода. Дури и као еј, поверувајте ни, нема ни со политика да се занимаваме само аболицијата да остане. Мало морген!

Ајде кажете од кај ви е набавен бетонот со кој ги бетониравте сите досегашни датуми за избори, или и тој е бофал и е само за чист профит па не ви врзуваше добро? Вашиот електорат сега чека и стрепи кој нов датум ќе му извадите и уште каква не глупост ќе му сервирате, ама веќе мислам дека е редно да експлодира и да земе оловна и тоа малку повеќе со фецес измачкана цевка па да размава по вас багро преварантска.

Вие и донесовте срам на оваа држава, која можеше да изнароди вакви криминалци кои навистина мислеа дека нема да може да ги досегне раката на правдата. Вие од нас направивте цртан филм, направите кич држава со интересен невиден до сега начин на водење држава и политика. Градбите да не ги ни спомнувам, личиме на циркус Медрано ама од стиропор. Вашите таканаречени новинари, ок кои кој е клептоман, кој е алкохоличар, кој нарокоман, кој што ли уште не го товите со државни пари за да повикуваат да се пука на сопствениот народ, за кого да се пука во сопствениот народ? За вас? Треба да повикуваат да се пука во вас! Дозволивте да странците дојдат и веќе повикуват да сите политичари од модерна, еј модерна Европа и светот дојдат и помогнат во решавањето на овоа невреме што вие го донесовте и заради вашите украдени милијарди сакате да го влошите уште повеќе. Како ли ве трпат вашите послушници или за скоро ќе дојде времето да ве маваат со слушалката во глава, а ќе дојде, мислам дека на народот ќе му осамне и олесне. Почнавте и нови песни со клетви да правите и да колнете но револуцијата не можете веќе да ја спречите, мислите дека добивате на време. Не, само да ви кажам уште повеќе заглибувате во вашата септичка јама полна со лаги како со фецес. И тоа не е се. Вие повторно го уверувате вашето стадо дека сте најјаки, рејтинзите ви се високи. Е, па не можете да ги мафтосувате уште долго, стигнаа новите резултати и се поразителни, а и веќе се ќе штрајкува, а и банките молат за денари или и тоа е лага?

Парламентот го свикавте сами пак по ваша наредба и тоа за рекордно време, божествена комедија –Данте и сами си се биравте и сами закони си донесувавте, мале мајко,пример кој во книги ќе го пишува, не дај Боже. Здравтвениот сегмент пак нови хорори и притиосци, Тодоров ОН-ОФФ ветуваше покачувања на платите на лекарите и персоналот, но пу-пу не се важи, со старо новиот закон за здравствена заштита од пред две години, сега решава да го применува , со што докажува дека законите што ги делкаше како кај Вели буреците не се баш функционални, а можеби се и погибелни пак за најчуствителниот сектор во државата,здравството. Намалува плати за 10 проценти, сериозен удар за фелата и персоналот.

Сака да ги натера да избегаат во нивните приватни клиники, да се одселат и со тоа да го сотре здравството, или ? Нема крај од понижувањата и притисокот од негова страна, 300 денари е вредноста на трудот на лекарот за 12 часа работа. Е, па кажете каде постои во која земја на светов ваков правилник? Ники малку си намалил, море мавнете ги по 25% ем ќе те слушаат пак, ем ќе намалиш трошоци и онака докторите за тебе и твојот Фирер од секогаш биле криминалци. А, вие дружино ненародна што станавте ? Бетоните попуштија, платите намалија, сами се бираа. Е сега, наскоро очекуваме во периодов што претстои, кој ниту малку не ќе е лесен за вас, да гледаме нов серијал “Телетабиси“ . Се надевам дека сите патишта ваши ќе ве водат во еден правец, правец кој ви го посакуваме сите.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска