ДПМНЕ не си веќе оган под звездите, крајот пристигна

Од:

„Меморија“ легендарната Македонска група со чии песни растевме, се радувавме , тагувавме, плачевме и се вљубувавме. Испеаа толку многу песни кои сите до една беа хит, сите ги знаевме наизуст , ги пеевме и се радувавме на тоа преубаво време кое никогаш нема да го заборавиме време кога народот беше задоволен , насмеан и исполнет во секој поглед. Имаше песна која носеше наслов “ Оган под звездите”, песна која многу ни значеше и ме потсети на тоа време и на тоа што секоја строфа од песната секој збор денес станаа реалност ама во негативна конотација за одредена владеачка структура во овие 23 години независност на Република Македонија.

Некој што се претставуваше за народна партија, демохристијанска, борец за права и слободи, оган под звездите, е таа партија ДПМНЕ докажа се обратно, стана темнина . Не барајте вино, испиено е, народе не барај пари украдени се. Народот ни се отселува масовно, а и птиците, нашите деца и роднини не се враќаат веќе од југ, заминати се. Црвени знамиња , црвени бајраци се веат низ цела Македонија, да, црвени ама со знакот на отпорот, со знакот за борба и протест. И да, најклучното нешто , единствено што можам е да излезам со вас на БАРИКАДИТЕ. Да точно е народот излегува веќе и стои пред штитовите, стои и се бори за светла иднина, доста е веќе живот во тиранија во 21 век, наместо слободно и непречено да ги живееме животите и да твориме за себе и своите поколенија, да твориме за нашата татковина и да ја направиме навистина рај на Балканот.

Цел демократско модерен свет ни укажува кои се и што се последиците доколку не ги следиме насоките кои ни се дадени од нив а некој упорно сето тоа го занемарува дури и прети со дипломатски прогон, со вадење на луди тези, за некој си заговор, со застранување од основните наши определби за стремеж кон ЕУ, НАТО и секакви мрачни сценарија како некој служби се заканувале со убиства на лидери, со дестабилизација на државата и што е најбитното нешто, сплотена “ДПМНЕ борба“ против комуњарите.

Па искрено, сето ова ми личи дека ние сме држава како Кралството Брунеи и сме толку богати и стабилни што ниту една ЕУ држава или светската заедница не ни е потребна, а од друга страна со мерките и заложбите што ДПМНЕ ги предлага и готви во своите кујни личиме на Северна Кореја. Ние видовме кој не водел цела деценија, увидовме и сфативме дека криминалите што ги направија се за лично богатење на ДПМНЕ, не е направено ништо за добробит на државата и на народот, жалосно, а сме парче земја која беше лидер во регионот, држава која беше рај на мирот, земја која цврсто чекореше и беше прва кон патот за ЕУ и НАТО.

Е сега дури ДПМНЕ како тргнала ќе објави војна на цел свет, многу се јаки нели? Резил до резил, гаф до гаф и од толку многу гафови, Алан Форд не им е равен и на крај направија преседан кој не воведе во мрачно доба така наречениот претседател на РМ, Ѓорге Иванов, алијас Фикус, ја аболицира целата ДПМНЕ банда –бандите на Бронкс, и тоа по неколку пати за да нема апсење, па да се преновува, им направи услуга невидена им ги призна криминалите на бандите на ДПМНЕ, е сеа нема што само им потврди се она што го правеле дека е точно иначе зар мечката ке си ја покриваше задницата ако не и беше изнафлекана.

Ете така се почна да си доаѓа на место дури и помага на СЈО со тоа што и бизнисменските олигарси ги аболицира уствари ги издаде на уште недовршена криенка исто како коа бил мал и се играл криенка па го викале издаица Георге Калинката. Ги вовлекоа сите интелектуалци во оваа каша ги понижија и деградираа направија папазјанија од се што беше значајно битно и реткост во нашата татковина, глупоста стана синоним на силата, Фројд има кажано дека првиот чекор кон оглупувањето е немање срам , епа ДПМНЕ ниту срам ниту перде имаа се беше за нив, деспотство наследено од татковците им, е па тоа веќе заврши сега ќе одговарате пред народот пред целиот свет и пред вашите поколенија заслуживте се што требаше да заслужите.

И да се навратам на песната од Меморија, на нашиот народ и на нас како интелектуалци ни останува со сите сложно со другарите, пријателите , роднините и семејствата да излеземе на Барикадите и да ви дадеме шут карта да никогаш не се вратите и не нанесете зло на оваа преубава земја. Сложно Македонијо кон новата светла иднина одиме до крај!

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска

Leave a Comment

five × one =