ДПМ го поддржува Здружението на новинарите на Македонија

Од:

На својата редовна седница одржана денеска претседателството на Друштвото на писателите на Македонија, го осуди нападот на новинарите во Собранието на Република Македонија и нивното отстранување од новинарската галерија.

ДПМ, како што се наведува во соопштението, дава целосна поддршка на реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија во одбрана на слободата во извршувањето на професионалните обврски и слободата на изразување и се придружува на барањето на ЗНМ за брзо и целосно расчистување на случајот што е без преседан и остава негативни и непредвидливи последици за демократските процеси во земјата.

Во соопштението се наведува дека ДПМ секогаш искажувало цврст и недвосмислен став на појави во културата, во општеството и во меѓународната заедница кои се спротивни на принципите и интересите на хуманоста, демократијата, нацијата и државата и оти останува на браникот на овие принципи и интереси.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on