ДПА со митинг во Батинци: Ќе продолжиме со инвестиции во инфраструктурата и со стимулирање на домашната економија

Од:

Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва одржа митинг во Батинци, во општина Студеничани, каде пред голем број на симпатизери на ДПА говореа Азем Садику, кандидат на ДПА за градоначалник на Студеничани, и Регаип Мустафа – носител на листата за советници, како и кои ја презентираа програмата на ДПА за наредните четири години за Студеничани.

– Заедно со мојот тим од партијата, ќе продолжиме со програмата на инвестициите во инфраструктурата, со стимулирање на домашната економија, како и со многу нови проекти што имаат за цел натамошен развој на оваа општина, рече Садику.

На присутните на митингот им се обрати и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој говорејќи за успесите на Азем Садику, меѓудругото посочи дека способноста и чесноста на личноста е многу значајна за правилно раководството на една општина.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

Пукање во Студеничани, еден е тешко ранет, а приведен е напаѓачот

Горан Наумовски

Оружен инцидент во скопско Батинци: Тешко повреден е маж

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Приведен криминалец од Батинци, баран со потерница за издржување затворска казна

А1он