ДПА на Централно собрание го потврди учеството на парламентарните избори

Од:

На денешната седница на Централното собрание на ДПА беше потврдено учеството на партијата на претстојните парламентарни избори.

За претседател на изборниот штаб беше избран Азим Садики кој ја врши функцијата секретар на партијата. На Собранието биле разгледани неколку точки според кои е донесена одлуката за учествување на изборите.

Според ДПА, комесарот Хан и меѓународниот фактор дале цврсти гаранции дека изборите ќе бидат прифатени само ако се фер и демократски.

– Како аргумент дека ќе излеземе на изборите и нема да ги бојкотираме, е тоа што тие што преферираат бојкот на овие избори, од друга страна подготвија десетина мали партии кои што се така наречени „албански“ и се подготвени да ги извадат, ако ние одлучиме да ги бојкотираме изборите, изјави Азем Садики.

Според партијата, ова ќе доведе до поделба на гласовите на Албанците, и поради тоа нема да подржат бојкот.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он