Засега комисиската расправа за измените во законите за образование, се води меѓу пратениците од ДПА и министерот за образование Абдулаќим Адеми, кадар на ДУИ.
За Адеми е неприфатлив амандманот на ДПА, учениците што ќе освојат награди на меѓународни натпревари да бидат наградени со една просечна плата, наместо само оние кои ќе освојат награди по математика, како што стои во предлогот од Владата.
Министерот смета дека со предлогот на ДПА може да се наруши целта, стимулирање и поттикнување на учениците кои одат на меѓународни натпревари по математика.
Ваквото однесување на Адеми за пратеникот на ДПА Беким Фазлиу е доказ дека министрите на ДУИ прават се што ќе им каже, како што рече, шефот Груевски.
Орхан Ибраими пак, го пренесе ставот на ДПА дека ќе гласаат рече дека против сите амандмани на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ