ДПА ја почна изборната кампања од Тетово

Од:

ДПА својата кампања за претстојните локални избори официјално ја започна со митинг на членовите и симпатизерите во дворот на Основното училиште „Братство Миѓени во Тетово“.

Во своето обраќање престедателот на Мендух Тачи, кој потекнува од овој дел на градот, побара од присутните да го дадат својот глас на изборите за ДПА со што, вели, партијата ќе ја победи ДУИ, а со тоа и политиката што ги загрозува правата на Албанците.

– Вие навистина не поддржувате нас, но треба да знаете дека со вашата поддршка корист имаат и Албанците во Битола, Охрид, Преспа и на други места што се опфатени со нашата голема идеја. Кандидатот на ДУИ за Тетово не е жена, туку чиновник во Владата. Тие наместо да ги бараат виновниците што тепаат деца велат дека ние сме ги организирале протестите. Велат дека нема вода во Тетово, но вода нема ниту во Липково, Сарај, Теарце, Желино, Брвеница, Струга и во сите места населени со Албанци каде тие не прават ништо за тоа, рече Тачи.

Посочи оти се определиле да го поддржат Сади Беџети како канддиат за градоначалник, затоа што тој во неговиот досегашен мандат никого не го избркал од работното место поради партиска припадност, ниту пак ги затворал објектите каде ДУИ држи митинзи и состаноци.

– Вашиот глас што ќе го добиеме ќе се слушне и во Брисел, Вашингтон, Тирана и Приштина, рече Тачи.

Актуелниот градоначалник Сади Беџети и кандидат на ДПА за нов мандат, потсети на проектите спроведени во изминатиот периoд.

– Со гордост може да кажеме дека сите проекти што ги планиравме ги реализиравме и тие се очигледни, а од друга страна, Владата го заборави Тетово бидејќи без ниту еден денар помош од нивна страна успеавме да завршиме повеќе капитални проекти. Останува уште малку да го завршиме водоводот, инвестиравме во инфраструктурата и патиштата и го направивме Тетово образовен и културен центар. Го средуваме булеварот Илирија. Заеднички ќе продолжиме со проекти за Тетово, за нашите деца и нашата иднина, изјави Беџети.

Пред присутните на митингот на ДПА воТетово зборуваа и Фатиме Исаи од листата за советници како и нејзиниот носител Дурим Љума. Се обратија и пратеничките Садије Илјази и Мерале Ферати како и пратеникот и кандидат за градоначалник на Струга од редовите на ДПА Зијадин Сеља.

Би можело да ве интересира

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

Демократи: По изборите ништо веќе во Македонија нема да биде како до сега

А1он