Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва во Скопје ги промовираше кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори закажани за 24 март.
За лидерот на партијата Мендух Тачи ова не се само локални избори туку имаат значење на референдум. Со победата на локалните избори ДПА, додаде тој, ќе отвори пат за поставување на своите барања.
– Албанците во Македонија од овде масовно демонстрираат дека се незадоволни од политиките. Нашиот пат се НАТО и ЕУ, изјави Тачи.
На конвенцијата беа промовирани кандидатите на ДПА за градоначалници и носителите на советничките листи.
Кандидат од ДПА за градоначалник на Тетово е Сади Беџети, за Струга Зијадин Села, за Гостивар Мијат Садику, за Чаир Мухамед Тачи и за Скопје, Беким Фазлиу.