Достоинство и Обединети за Македонија бараат оставки на министрите за одбрана и за образование, Фатмир Бесими и Панче Кралев.
„Во повеќе наврати укажавме дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со законот за бранители го користи како димна завеса зад која ги кријат нечесните намери. Затоа даваме целосно поддршка на иницијативата за интерпелација на СДСМ, бидејќи на тој начин ќе видиме шпто се крие зад завесата. Го повикуваме Фатмир Бесими сам да си даде неотповиклива оставка поради сквернавење на униформата на македонската армија но и поради злоупотребата на албанскиот јазик во армијата кеде што службен јазик е македонскиот.
-Го повикуваме Панче Кралев да си поднесе неотповиклива оставака бидејќи не успеа да го реши проблемот со имињата на училиштата“, рече Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.
Ангелов побара да не се изедначуваат бранителите од АРМ И МВР со „агресорите од ОНА“.
Од Обединети за Македонија ја поддржаа иницијативата за интерпелација на владата на Груевски и Ахмети.
„Ако навистина не постои љубов помеѓу нив, нека се избере техничка влада која ќе спроведе фер и демократски избори и конечно да завладее демократија во Македонја а со тоа да се исправат неправдите врз нашата партија“, рече Марјан Огњановски , потпретседател на ОМ.