Досега се вакцинирани 37,189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина

Од:

Министерството за здравство информира дека од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) заклучно до шести септември 2019 година, на територија на Република Северна Македонија вакцинирани се 37,189 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина.

Од нив, 16.935 деца се вакцинирани во Скопје, додека пак во останатиот дел од државата вакцинирани се 20.254 деца. Во изминатата недела, во Скопје вакцинирани се вкупно 28 деца, а во останатиот дел од РСМ вакцинирани се вкупно 691 дете (предучилишна и училишна возраст).

Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.237 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14-годишна возраст.

Од декември 2018 година, регистрирани се 1,898 случаи на мали сипаници во Република Северна Македонија.

Остануваат на сила препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.

Би можело да ве интересира

Дете почина од морбили во Њујорк, прв смртен случај од болеста во последните 30 години

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он

Во моментот нема во употреба вакцини бесеже од спорните серии, ниту се пријавени несакани ефекти, во тек е набавка од Јапонија

Даниловски објаснува што значи привременото одложување на БСЖ-вакцинацијата

Катерина Ѓуровски

Времено прекината вакцинацијата за БСЖ