Дополнет Конкурсот за стипендии за постдипломски студии во странство

Од:

Министерството за образование и наука објави дополнување на Конкурсот за доделување стипендии за втор циклус студии во странство, за академската 2020/2021 година.  Во Конкурсот, кој МОН го објави во февруари годинава, се додава и образование меѓу областите за кои Министерството ќе додели стипендии за постдипломски студии.

За академската 2020/2021 година МОН ќе додели стипендии за студенти примени на академски студии од втор циклус на еден од првите десет рангирани универзитети од сите области, односно на еден од првите сто рангирани универзитети од областа на техничките науки, архитектурата, градежништвото, математиката, меѓународното право, економијата и финасиите, физиката, биологијата, хемијата и генетиката, а со дополнувањето на Конкурсот – и за областа образование, согласно со рангирањето на универзитетите на последната објавена Шангајска листа на Центарот за универзитети од светска класа.

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академските стипендии за студии од втор циклус во странство е најдоцна до 15 септември 2020.

Во Конкурсот се содржани информации за условите за доделување стипендија, потребните документи, износот на стипендијата, обврските на избраните кандидати и начинот и рокот на пријавување.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите