Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Од:

НАТО го одбила пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки за безбедносен сертификат во 2019 година, покажува документот кој беше испратен до А1он. Според овој документ, Службата на НАТО за безбедност покажала дека тој не ги исполнува стандардите за да добие безбедносен сертификат.

Ковачки пак, за А1он вели дека не е точно дека бил одбиен за НАТО сертификат, со тврдење дека не го повлекол барањето за добивање на НАТО сертификат.

„Не, неточно е дека сум одбиен за НАТО серификат. Неточно е и дека сум го повлекол барањето за добивање на НАТО сертификат. Тоа е бледа конструкција на Шекерниска и Славјанка кои немаа друг начин да ме дискредитираат во јавност па преку свои канали во Брисел кодошеа и клеветеа, исто како што клеветеше и Ковачевски кој избега од судење и не се извини за изнесените лаги токму на темата. Впрочем, ако сум го повлекол барањето, како може да сум одбиен? Нека бидат мажи и нека извадат се’ што имаат исконструирано и добиено како одговор од НАТО за мене во јавност“, рече Ковачки за А1он.

Документот до кој дојде А1он покажува дека Ковачки поднел барање за ветинг во НАТО, со цел да биде проверено дали може да добие безбедносен сертификат, но по некое време, тој го повлекува првичното барање. Но, додека тој да го повлече барањето, службата веќе го обработува неговото барање, по што Ковачки добива негативен одговор.

„НАТО канцеларијата за безбедност иако барањето за ветинг е повлечено, сепак ја комплетираше ветинг истрагaта и врз основа на заедничката проценка на двете тела погоре споменатата личност не ги исполнува стандардите на НАТО за да поседува НАТО безбедносен сертификат“, стои во документот.

И покрај посочувањето дека А1он го има дописот, Ковачки вели дека било лага дека го повлекол барањето, со став дека се работело за конструкција на актуелната министерка за одбрана, Славјанка Петровска и нејзината претходничка, Радмила Шекеринска преку свои канали во Брисел, а со цел негово дискредитирање.

Би можело да ве интересира

Мицкоски во Берлин на состанокот посветен на Украина: Ја потврдивме поддршката за постигнување праведен и траен мир преку дијалог, дипломатија и координација со нашите сојузници

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он

Бајден за потегот што го загрижи Кремљ: НАТО стигна до границите на Русија

Лавров: НАТО им нанесе голема штета на соседните земји

Романија предупредува на влошување на безбедносната состојба во Црното Море, бара поголема поддршка од ЕУ и НАТО