Донев учествуваше на собирот „Авантуристички туризам во Албанија“

Од:

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев денеска говореше на првиот национален собир „Авантуристички туризам во Албанија“ каде што кажа дека авантуристичкиот туризам не бара од земјите да се прилагодат на пазарот, туку треба пазарот да се прилагоди на нивните силни страни.

Донев истакна дека станува збор за концепт на искористување на она што веќе го имаме и она што веќе добро го правиме. Тоа треба да го споделиме со светот на начин на кој што ќе им се овозможи на сите оние кои патуваат, да ги видат предностите на нашата земја.

– Силните страни со векови се усовршуваат преку нашите култури и се вкоренети во нашата храна, вино, музика, пејзажи и култури. Затоа, националното наследство, локалните заедници, автентичноста и разновидноста на регионот треба да бидат во сржта на нашите туристички производи, посочи Донев и додаде дека 70 отсто од приходите од авантуристичкиот туризам остануваат во локалните економии, наспроти 10 до 15 отсто од конвенционалниот туризам.

– Веруваме дека блиската регионална соработка во туризмот е од големо значење и заеднички интерес за нашите земји. Со зголемување на соработката помеѓу институциите на национално ниво, ќе ја подобриме животната средина која ќе резултира со создавање на подобри регионални производи, особено во прекуграничниот регион, како што се регионот на Шар Планина, Кораб, Охридско Езеро, потенцира Донев.

Настанот беше организиран од министерството за туризам и животна средина на Албанија, во соработка со Федерацијата за спортови во природа со цел промоција на разновидноста, природата и културата.

За време на настанот, Донев се сретнал и со албанскиот премиер Еди Рама, министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси, претставници од Федерацијата за спортови во природа, како и со повеќе претставници од разни области на туризмот во Албанија и регионот.

Би можело да ве интересира

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски

Партијата на Македонците и другите малцинства во Албанија, побараа загарантирано парламентарно претставување и јавно финансирање

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан”, другите три што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето

По Србија и Косово, набргу One Stop-систем и со Албанија