Донев: Охриѓани треба да знаат кој колку пари зел од оштетата за земјотресите

Од:

Сашо Донев до ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција обвини дека в.д. градоначалникот, Константин Георгиески во недостиг на идеи, проекти и желба за работа се фали и ја замајува јавноста со процедурални активности. ВМРО-ДПМНЕ го повика Георгиески да одговори кој овозможил исплата на финансиски средства од Буџетот на лица кои не се баратели на штети.

„Дали е точно дека спротивно на закон, се исплатени парични средства на име надомест на штета од земјотрес, во износ од над 30.000 денари, на лицето Илија Пиперкоски, шеф на кабинет на градоначлникот, кој е надворешно лице ангажирано во општина Охрид, иако не е подносител на барање за причинета штета од земјотресите во Охрид“, праша Донев.

ВМРО-ДПМНЕ му порача на в.д. градоначалникот доколку работи во интерес на граѓаните да побара од Пиперкоски, да ги врати назад исплатените без основ парични средства.

„Дали случајно епицентарот на земјотресот беше лоциран во куќата на Илија Пиперкоски, на кој му е проценета и исплатена драстично повисока штета во споредба со другите граѓани на кој им се исплатени по 2.000 до 3.000 денари? Охриѓани најтранспарентно треба да знаат кој колку пари зел за оштета. Дали исплатите се вршат на лица кои од позиција на моќ даваат налози за такви исплати?
СДСМ и Георгиески се однесуваат како општината да е нивна приватна фирма, па исплатата на штетите оди по партиска основа. За овој криминал обелоденет од страна на ВМРО-ДПМНЕ тие мора да сносат одговорност затоа што најмногу страдаат охриѓани кои и после две години не зеле пари за да ги санираат објектите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Гледајќи го овој криминал, како што додаде Донев, охриѓани нема да премолчат и за брзо ќе победат, а СДСМ ќе биде поразен.

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите