Донесени три реформски закони од правосудството

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска ги донесе измените и дополнувањата на законите за судови, за прекршоци и за управни спорови кои се дел од реформските закони во правосудството.

Законите се со европско знаменце и беа донесени со двотретинско мнозинство без ниту еден глас против и воздржан.

Опозицијата во текот на расправата истакна дека со прифатените амандмани во голема мера е подобрен текстот на сите три закони, но изрази жалење што не е решен проблемот со унапредувањето на вработените во судската администрација.

Владејачкото мнозинство оцени дека се работи за квалитетни решенија, а во однос на Законот за прекршоци истакна дека е направено суштинско намалување на казните и глобите и е намален рокот за застареност од три на две години.

Трите законски решенија беа донесени во рамки на 88. собраниска седница.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска