• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: A1on
Македонија

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

by A1on17/05/2023 - 11:492305
Share0

На вчерашната седница на Владата беше усвоена Програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година според која секое дете ќе добива свежо овошје од еден килограм еднаш неделно.

Добивај вести на вибер

„Оваа програма е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и тоа најмалку 90.000 кг кајсии, 175.500 кг праски, 168.000 кг сливи, 74.000 кг круши, 370.000 кг јаболки. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм сезонско овошје. Тоа е целта, децата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува. Опфатени се 38000 деца од сите градинки во државата“ изјави министерот Николовски.

Програмата ќе се реализира преку јавна набавка која ќе ја спроведе Платежната агенција, при што еден од условите ќе биде овошјето да се дава на градинките спакувано во мрежички. Еден килограм, за секое дете, еднаш неделно.

Со цел овошјето да биде навистина свежо, предвидено е да се доставува до градинките еднаш неделно, во текот на следните месеци, заклучно со декември. Секоја градинка ќе има можност самата да одлучи во зависност од условите, дали ќе им дава втора ужинка на децата во текот на денот, или доколку немаат простор за складирање ќе им ги даваат на родителите за дома.

„Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболки во текот на 5 месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно. Оваа програма е поддржана и претставува донација од страна на Владата Република Северна Македонија“ изјави министерката Тренчевска.

Минатата година беа откупени околу 750.000 килограми наши домашни јаболка и беа дистрибуирани до 350 основни училишта, односно до сите 186.000 ученици.

„Оваа програма ќе продолжи и наредните години, а придобивките од воспоставувањето на ваква пракса ќе бидат многу поголеми од она што во моментов го гледаме. Децата ќе го меморираат вкусот на македонските праски, сливи, кајсии, круши и јаболки. Ќе знаат да го препознаат интензивниот вкус на сочни овошки какви што дава нашето поднебје. Кога ќе пораснат ќе знаат да направата разлика и секогаш ќе избираат домашно, затоа што е повкусно и затоа што секој залак ќе ги потсетува на детство“ потенцираше Николовски.

decadonacijagradinkaovosje

Би можело да ве интересира

Воспитувач во градинка во Лондон призна дека со години злоставуваше деца

А1он03/12/2025 - 17:49

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас

Горан Наумовски26/09/2025 - 21:04

Израелците гранатираа училиште во Газа, загина деца

Горан Наумовски20/09/2025 - 09:03

Градинката каде што беше пронајден шприцот: Само едно дете има гребнатинка, можно е од гранка од оградата

Предраг Петровиќ16/09/2025 - 13:30

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ16/09/2025 - 09:4516/09/2025 - 13:22

Фон дер Лајен: Секое украинско дете мора да биде вратено

Горан Наумовски19/08/2025 - 07:1919/08/2025 - 07:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен