Донација од МВР за Центарот за деца со посебни потреби во Тетово

Од:

По повод 7 мај – Денот на полицијата претставници на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Секторот за внатрешни работи Тетово денеска го посетија Центарот за деца со посебни потреби во Тетово. Делегацијата што ја предводеше државниот советник во МВР, Муамет Реџепи по овој повод додели клима уред и други средства за работа на Центарот.

– Целта на посетата е на овој начин да ја изразиме нашата поддршка за децата со посебни потреби. Се надевам дека донацијата ќе придонесе за подобрување на условите за работа на оваа институција. Оваа тардиција на одбележување на Денот на полицијата на овој начин ќе продолжи и во иднина, а очекувам и останатите институции да продолжат со поддршката за оваа категорија граѓани, рече Реџепи.

Раководителот на Центарот, Беџет Камбери зрази благодарност за донацијата од македонската полиција.

Центарот за деца со посебни потреби од Тетово секојдневно згрижува 16 деца за кои се грижат двајца дефектолози, четири медицински сестри и еден социјален работник.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари