Донација од ФОД-Битола за ОУ „Св. Климент Охридски“-Битола

Од:

Фабриката за опрема и делови-ФОД денеска во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола донираше врати за училишниот двор.

Генералениот директор на ФОД Методија Тасевски изјави дека со нивната донација и комплетната обнова на вратите во училиштето целосно ќе биде подобрена безбедноста за влегување и излегување од сите надворешни врати во училиштето, во кое учат околу 1.000 ученици.

– Скромната донација од вработените на ФОД значи и поддршка на основното училиште „Св. Климент Охридски“-Битола која ја имаше и претходно, а ќе продолжи и понатаму бидејќи ние како општествено одговорна компанија сакаме да помагаме во рамки на можностите, но со единствена цел да се подобруваат состојбите во основното и средното образование во Битола. Новите и новодизајнирани врати ќе ги користат 955 ученици и нивните родители кои ќе доаѓаат во текот на школската година, истакна Тасевски.

Според директорката на ОУ „Св.Климент Охридски“-Битола Гордана Анастасова со поставувањето на новите врати се зголемува безбедноста во училшниот двор на училиштето кое статистички е најбројно основно училиште во градот со 955 ученици, а од нив 104 се првачиња.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот