Донација од 62.000 евра за Клиниката за детски болести од Фондацијата „Ти си сончоглед“

Од:

Фондот од 62.000 евра, собран благодарание на хуманоста на луѓето кои се облекоа во маичките на кампањата „Македонија – ти се сончоглед“ и се солидаризираа со љубов и внимание кон децата, се искорисистија за набавка на неоходна болничка опрема и апаратура наменета за Одделот на хематоонкологија на Клиниката за детски болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Имено, хуманитарното здружение „You are a Sunflower“ (Ти си сончоглед) денеска го одбележа завршувањето на хуманитарната кампања.

По тој повод, Филипче истакна дека, со цел унапредување на условите за преглед на сите пациенти, смета оти покрај сите нивни заложби, посебно е важна и поддршката за повеќе чинители.

„Фондацијата која имаше идеја, имаше волја и доволно хуманост и пожртвуваност во себе да иницира хуманитарна кампања која не познава и не признава граници и има тенденција да се прошири и пошироко во регионот. Започна во Тирана, продолжи во Приштина и денеска сме еве тука во Скопје, на крунисување на оваа кампања која резултираше со набавка на техночка болничка опрема која недостасуваше на Одделот за онкохематологија“, нагласи претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој посочи дека кога Фондацијата се обратила во Собранието, тие без двоумење прифатиле да се приклучат.

„Знам дека со ова нема да се решат сите прашања кои го тиштат нашето здрвство, нашите здравствени работници, нашите драги дечиња, меѓутоа дозволете оваа капка во морето, да биде капка која ќе започне бран кој ќе се шири и ќе ги разбранува срцата и мислите на сите кои на кој било начин можат да придонесат со своите дела и постапки во градењето на еден похуман свет, похумано општество и достоинствен живот за сите“, потенцираше Џафери.

Директорката на Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ наведе дека со донацијата се набавени 10 инфузиони пумпи, шест монитори, два аспиратори, две ваги, еден апарат за ехосценографски прегледи и машина за чистење, посочувајќи дека со тоа ке се современат условите за следење на интензивните онколошки протоколи кои се спроведуваат кај малите пациенти кои се спревуваат со тешка болест.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски