Кривичниот суд попладнево одлучи да му одреди домашен притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески кој е осомничен за случајот на СЈО Транспортер.
На претходна постапка му беше одземен пасошот , но и Талевски и СЈО се жалеа на одлуката, по што Кривичниот совет пресуди да му биде одреден домашен притвор.
Според решението куќниот притвор почнува веднаш откако полицијата ќе го лоцира Талески. Тој, како што е напишано во решението на судот ќе биде контролиран 24 часа од полиција која ненајавено ќе доаѓа во неговиот дом и ќе проверува дали ја почитува одлуката на судот. Доколку полицијата не го најде дома според одлуката на судот ќе му биде изречена мерка притвор. На оваа одлука неговите адвокати и Талески имаат право на жалба до Апелациониот суд во рок од 24 часа.