ДОМ предлага да се одложи носењето на законот за високо образование

Од:

Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) предлага  да се одложи  носењето на законот за високо образование, со цел, според партијата, да се обезбеди широка јавна дебата и да се земат превид аргументите на студентите и професорите.

– Ова е многу сериозен закон кој е многу важен за целото општество и бара длабинска анализа на целиот образовен систем. Зашто, ако постои можност за продукција на лоши кадри и лажни дипломи, тоа е проблем на институциите и на системот. Но, ДОМ не се ссогласува со брзината на носење на законот, наведува во денешното соопштение ДОМ.

Апелира до Министерството за образование и наука да се направи темелна анализа на овој образовен систем, како и евалуација на досегашниот КТС систем, да се укаже на недостатоците и на сите недоследности и да се ревидираат наставните програми согласно со европските. Во спротивно, се вели во соопштението, доколку набрзина се прифати ваква реформа во високото образование, ДОМ е убеден дека тоа нема да придонесе во подобрување на квалитетот на образованието, ќе се наруши интегритетот на професорите и автономијата на универзитетите, а ризикот од несакани ефекти и негативни последици од набрзина донесените промени во високото образование е несомнен.

– ДОМ генерално ја поддржува идејата на МОН за подобрување на квалитетот на високото образование и негово приближување кон образованието на реномираните европски факултети. Добрата намера за унапредувањето на високото образование се огледа во неколкуте ставки во новиот Закон за високо образование и тоа: напуштањето на досегашниот КТС систем и воведувањето на системот 4+2 за додипломски и последипломски студии, воведување на усмен испит во оценувањето на студентите, објавување научни трудови особено со импакт фактор во градење на наставно-научната кариера и обврзно активно познавање на странски јазици…, се вели во соопштението од ДОМ.

Би можело да ве интересира

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов