ДОМ: Депониите не се за маркетинг, туку за решавање

Од:

„По широката јавна дебата за струшката депонија ДОМ порачува: Депониите не се за маркетинг, туку за решавање!

А постојат и план и физибилити студии за целосно решавање на отпадот во Македонија со неколку регионални санитарни депонии и повеќе претоварни станици, како и за затворање и ремедијација на дивите депонии. Познати се и концептите за современ третман на отпадот со селекција, рециклирање и искористување на малиот остаток на еколошки начин. Значи нема непознати, се е одамна подготвено, но немаше доволно политичка волја да се реализира сево ова.

Голема е грешката што се направи во 2014 година, кога се поништија два готови тендера за концесии за регионални депонии во Југоисточниот и Полошкиот регион. Тогаш ДОМ жестоко јавно реагираше, но 1 пратеник не е 61!

Ние ќе продолжиме да инсистираме на современ третман на отпадот по принципот нула-отпад, кој е повторно во нашите зелени приоритети. Но, овојпат со доза на зголемен оптимизам, особено по брзото и ефикасно реагирање на Владата во нејзините први две недели од изборот! Проблемите со отпадот се уште еден силен аргумент, покрај многубројните други, да не се кочи комплетирањето на новата Влада и нормалното функционирање на институциите“ се вели во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата и иднината на државата

ДОМ: Без итни мерки, стратешките цели нема да донесат чист воздух

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Новотни: Во Центар транспарентни одлуки со јавна трага и урбан развој што го става човекот пред привилегиите

По три години затвор добија обвинетите кои направија диви депонии на Вардариште

А1он