Докторката од Куманово: Конечно успеав да се ослободам од вирусот Ковид-19

Од:

Докторката од Куманово, Гордана Николиќ, која пред повеќе од еден месец на нејзиниот профил на Фејсбук напиша дека има коронавирус, денеска соопшти дека веќе и на вториот брис е негативна на Ковид-19.

Таа првиот негативен брис на Ковид-19 го добила на 3 мај, а денеска и вториот. Во меѓувреме, на сите тестови за Ковид-19, резултатот бил позитивен.

„И конечно и вториот брис е негативен ! 44 дена поминаа од 23 ти март, до денес. Денес е 05.05….и конечно успеав да се ослободам од вирусот Ковид 19 .Мора да биле во голем број вирусите , мора да биле лоши , затоа што ми ги нападнаа белите дробови, но за “cреќа ” успеав да поминам ” само со пневмонија.” Среќа во несреќа , затоа што вирусот е една голема непознаница и за оние кои го истражуваат. Сега ќе можам да излезам слободно да подишам чист воздух , затоа што не може на тераса да се пешачи, а е потребно за комплетно заздравување на белите дробови“, напиша докторката на Фејсбук.

Таа им се заблагодари на сите лекари, сестри и останати здравствени работници кои и помогнале во нејзината борба со вирусот. Благодарна е и на нејзините роднини и пријатели кои и испраќале храна и цвеќиња.

„Благодарам до моето пошироко семејство и особено на потесното, на сестра ми која го понесе најголемиот товар и на син ми кој ми беше и најсилниот мотив да се изборам во оваа битка“, напиша докторката.

Таа во изминатите недели редовно ги информираше нејзините следбеници на Фејсбук за нејзината состојба и за тоа како ги минува деновите во изолација.

Медицинските лица ширум светот се најизложени на новиот коронавирус бидејќи се на првата одбранбена линија. Во нашата земја неколку десетици медицински лица се заразија со Ковид -19.

Би можело да ве интересира

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Повеќекратно убиство во кумановско: Два сина и мајка застрелани од нејзиниот брат

Орце Костов