А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Доказите на Чавков ги одложија рочиштата за „крвавиот четврток“

by А1он24/12/2018 - 10:0424/12/2018 - 10:38296
Share0

Рочиштата закажани за денеска и утре за „крвавиот четврток“ се одложени поради барањето од судот за декласификација на доказите од МВР по барање на обвинетиот ексдиректор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков. Судењето најверојатно ќе продолжи во среда. Последното рочиште за случајот се одржа во петокот кога беа изведувани дополнителни материјални докази од страна на бранителот на Чавков, Сашко Дукоски.

Добивај вести на вибер

Утре истекува рокот за поднесување барања за амнестија од страна на обвинетите за настаните од 27 април минатата година. Досега барање за амнестија изјавија дека ќе поднесат обвинетите Крсто Мукоски, Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски, а најверојатно денеска барање ќе поднесат и пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа.

По барањата за амнестија судот има рок од 5 дена да одлучи по прибавено мислење од надлежниот јавен обвинител, Вилма Рускоска. Се уште е непознато дали одлуките ќе ги носи Судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска или пак кривичен совет на Основното јавно обвинителство составено од 3 судии. По одлуката на судот за амнестијата, обвинетите имаат право на жалба во рок од 3 дена.

Како што изјави обвинителката Рускоска, оние кои нема да бидат опфатени со Законот за амнестија се враќаат назад во судски процес. Обвинителката во неколку наврати истакна дека се води предистражна постапка за организаторите на „крвавиот четврток“. Во истражниот затвор Шутка моментално се наоѓа поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски кој во неколку наврати беше споменуван како организатор на настаните од страна на обвинетите.

Виктор Јованов

27 aprilcavkovsud

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:01

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

Горан Наумовски18/09/2025 - 10:22

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:42

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:45

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Горан Наумовски01/06/2025 - 16:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен