Дојава за борба со кучиња во Желино

Од:

Две лица, М.М.(19) од Желино и А.М.(22) од тетовска Мала Речица биле пресретнати од полицијата како водат две кучиња од расата Боксер, откако вчера околу 17 часот во полиција примиле телефонски повик од граѓанин дека кај спортското игралиште во Желино се организираат борби со кучиња.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, веднаш била испратена екипа на полицијата која ги видела двете лица со кучињата.

– На самото место биле пронајдени траги од крв и други траги што биле подигнати за вештачење. М.М. и А.М. в понеделник ќе бидат повикани на разговор во полициската станица во Групчин и по целосно расчистување на случајот против нив ќе има соодветен поднесок, рече Јосифовски.

Според законските прописи, организирањето на борби со кучиња освен како нарушување на јавниот ред и мир, односно прекршочна пријава во зависнот од околностите и последиците може да се третира и како кривично дело.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР