А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Догодина 11 неработни денови со четири продолжени празнични викенди

by А1он26/10/2017 - 13:3626/10/2017 - 15:51158
Share0

Во 2018 година граѓаните на Македонија ќе имаат четири продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, четири се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава која има седум продолжени празнични викенди.

Добивај вести на вибер

Првиот продолжен викенд догодина ќе биде веднаш по пречекот на Новата година бидејќи 1 јануари е во понеделник. Вториот е за Божик, зашто неработен ден е 7 јануари недела, но се префрла за 8 јануари понеделник.

Слична е ситуацијата и со христијанскиот празник Велигден кој догодина како неработен е на 9 април понеделник, како и на Рамазан Бајрам, бидејќи празникот е на 15 јуни во петок.

За сите граѓани неработни денови се и 1 мај – Ден на трудот, 24 Мај – „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 2 Август – Ден на Републиката, 8 Септември – Ден на независноста, 11 Октомври – Ден на народното востание, 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба и 8 Декември – „Св. Климент Охридски”.

Граѓаните од православна вероисповед најмногу ќе одмораат за големиот христијански празник Велигден бидејќи за нив освен понеделникот – 9 април, неработен ќе биде и петокот – 6 април. Продолжен викенд ќе имаат и за Богојавление Водици кој се празнува на 19 јануари во петок.

Неработни денови за православните верници се и Бадник на 6 јануари – сабота, Духовден на 25 мај – петок, и Успение на пресвета Богородица, 28 август – вторник.

За граѓаните од католичка вероисповед неработни се и 2 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември – четврток – Празникот на сите светци, како и 25 декември (вторник) – првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен е и 21 август (вторник) – Курбан Бајрам.

Програма на неработни денови за 2018 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2018 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

– 1 јануари (понеделник), Нова Година
– 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден
– 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
– 1 мај (вторник), Ден на трудот,
– 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
– 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
– 2 август (четврток), Ден на Републиката
– 8 септември (сабота), Ден на независноста
– 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
– 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
– 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

– 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик
– 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)
– 06 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
– 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
– 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

– 2 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
– 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
– 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

– 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

– 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

– 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

– 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

– 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

– 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

– 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

– 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.

praznici

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Горан Наумовски05/12/2025 - 14:57

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:05

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on26/12/2023 - 19:58

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска31/05/2023 - 09:13

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен