Доделени сертификати за завршена обука за работно-ориентирана рехабилитација

Од:

На 15 професионалци и 23 корисници од Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица денеска им беа доделени сертификати за завршена стручна обука за работно – ориентирана рехабилитација.

Обуката, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, се спроведуваше во изминатите 10 месеци во рамки на пилот проект директно насочен кон лицата со попреченост сместени во Јавната установа Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“ – Струмица, за нивно работно оспособување и вклучување на пазарот на трудот. Проектот го спроведуваа Министерството за труд и социјална политика, заедно со Програмата за развој на Обединетите нации, Општина Струмица и други национални партнери.

– Вклучување и вреднување на сите луѓе во нашето општество е целта кон која се стремиме. Ова е мал, но значаен исчекор кон обезбедување услови и средина за коренити промени во третманот на лицата со попреченост кои сакаат и можат да бидат работно ангажирани, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која се обрати на доделувањето на сертификатите.

Во овој проект вкупно беа вклучени 23 лица за кои реномираната австриска компанија за рехабилитација – ББРЗ, изготви индивидуални планови кои имаа за цел да ги трасираат нивните лични афинитети, желби, способности, но и да ги зголеми нивните работни капацитети.

– Со овој проект се прави мал, но значаен исчекор кон обезбедување услови и средина за коренити промени во третманот на лицата со попреченост кои сакаат и можат да бидат работно ангажирани. Петнаесетте професионалци кои ја поминаа обуката за „case manageri“ се пионери и движечка сила која треба да донесе промени во работењето на ваквиот тип на институции. Владата и Министерството за труд и социјална политика, со сите капацитети работи во правец на остварување на мотото – еднаква шанса за сите, истакнуваат од МТСП.

На доделувањето на сертификатите покрај министерката за труд и социјална политика, присуствуваше и постојаната претставничка на Програмата за развој на Обединетите нации Луиза Винтон.

Република Македонија ја ратификуваше Декларацијата за правата на лицата со попреченост во 2011 година и Владата, како што се истакнува во соопштението, цврсто стои на ставот дека начелата од Декларацијата ќе ги преточи во реални можности и отворени врати за лицата со попреченост.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор