До „Виаџо“ – Прилеп нема пријавено ниту едно побарување од патниците

Од:

До туристичката агенција „Виаџо” – Прилеп до денес нема поднесено ниту едно побарување од патниците кои сметааа дека се оштетени од работата на оваа агенција.

Медиумите известуваа нашироко за работата на оваа агенција во текот на летото, но до денес нема ниту една пријава за побарување на оштетените патници.

До агенцијата не стасало никакво побарување од било кој патник кои имал потпишано договор со агенцијата ,а договорите биле направени по упатствата на ТАМ.

Агенцијата е затворена и е во мирување веќе 9 месеци и се предизвикани финансиски и материјални штети.

Ваквата состојба е зачудувачка со оглед дека тогаш десетици патници се жалеа до институциите ,а управникот на агенцијата беше и притворен.

Според информации од судот, ни таму не пристигнало никакво побарување на патниците од правното лице ТА-Виаџо.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците